Модниот дизајнер Папаз и компанијата за противпожарна техника „БИСПАГ“ направија уникатна фото сесија со моќна порака – „Безбедноста треба да биде на прво место за секој од нас“.

Дизајнерот Папаз изрази задоволство што фото сесијата ќе предизвика внимание кај љубителите на модата и ќе ја подигнеме свеста за безбедноста.

Тимот на компанијата „БИСПАГ“ дојде до решение на спој меѓу корисното и убавото, па така наскоро за секој дом ќе бидат достапни ПП апарати во вид на уметничко дело, кои совршено би се вклопиле, а истовремено во даден момент би го спасиле нашиот дом.

– Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој еден правен субјект, бидејќи претставува превентивно средство за лична безбедност. Важно е да се поседува како средство за почетно гасење на пожарот, како би се спречило понатамошно ширење, но исто така во случаи каде имаме пожар со правилна употреба на ПП апаратот и за трасирање на пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата која е зафатена со пожар, изјави Марија Кукуноска, менаџер во „БИСПАГ“.