Француската полиција евакуирала најмалку 900 мигранти од спортска сала и блискиот камп во близина на Ламанш, поради загриженоста на властите за безбедноста и хигиената на градот.
Портпаролот на северниот регион изјави дека мигрантите, меѓу кои има и многу семејства со деца, се преместени од градот Гранд Синте.
Локалните медиуми јавија дека меѓу мигрантите најверојатно има голем број Курди од Ирак.
Претходно суд нареди преместување на мигрантите за да се спречи порастот на насилството и трговијата со луѓе во тој регион.
Мигрантите се сместени во привремени засолништа и овозможено им е да се пријават за азил.