Најмалку две лица загинаа, деветмина се спасени, а 14 се водат како исчезнати откако потона брод кој превезувал мигранти во близина на брегот на Тунис, соопшти крајбрежната стража.

Бродот потонал на околу десет километри од брегот, во близина на градот Сфака.

Спасувачката акција продолжува, а сите мигранти на бродот биле Тунишани.