Францускиот претседател Емануел Макрон в понеделник организира меѓународна средба за поддршка на Украина, која ќе се одржи во Париз.
Средбата ќе се одржи по повод втората годишнина од инвазијата на руските сили во Украина.
Планирано е на состанокот да присуствуваат „шефовите на држави или влади на неколку земји или претставници на министерско ниво“ за да се „разговора за расположливите можности за зајакнување на партнерската соработка за поддршка на Украина“, се вели во соопштението на Елисејската палата, во кое нема дополнителни појаснувања.
фото: архива