Претседателот на Фудбалската федерација на Франција Ноел Ле Гре порача дека не се противи на плановите на ФИФА во иднина светските првенства да се одржуваат на секои две години.

Ле Гре, кој е член на Советот на ФИФА, рече дека „би било грешка проектот внимателно да не се разгледа“.

– Не се противам на одржување Светско првенство на секои две години, иако сакам внимателно да се разгледа, изјави првиот човек на францускиот фудбал.

Мнозинството европски федерации, предводени од УЕФА, остро се противат на плановите на ФИФА, заканувајќи се со бојкот во случај на реализацијата на таквата идеја.