Уште едно лице загинало во текот на вчерашните протести на „жолтите елеци“ во градот Арлу на југот на Франција, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека едно лице погинало во сообраќајна несреќа која се случила на блокадата на патот, што ја организирале демонстрантите.

Несреќата се случила кога автомобил удрил во комбе, по што се одбил и удрил во друго возило. На местото на настанот загинал возачот на автомобилот.

Тој случај досега е трет, кој се доведува во врска со протестите на „жолтите елеци“, кои во Франција почнаа на 17 ноември поради зголемување на цената на горивото и даноците.

На вчерашните протести во Франција учествувале 136.000 демонстранти.