По две недели нереди против Еманиел Макрон и неговата Влада, француските демонстрантни не попуштаат, а се чини полицијата полека го губи здивот. Снимката се рашири со брзина на светлоста и за помалку од 24 часа преку четири милиони луѓе го виделе видеото.

Новата снимка од улиците на Париз го покажува обидот на полицијата да ја заземе Триумфалната капија, која, покрај Ајфеловата кула, е најпознат симбол на Париз. Голем број припадници на жандармеријата тргнаа на собраните граѓани за да ја вратат контролата над симболот на Франција, но во тоа не успеаја.

Французите во жолти елеци почнаа да возвраќаат со камења и голи раце, а полицијата бргу се повлече.

Во првите две недели од протестите имаше и полициска бруталност, па видени се сцени во кои полицијата ги понижува граѓаните и ги тера на коленици да одат по улиците, а снимени се и сцени на давање на жена (види ја главната фотографија), па дури и ставање на прсти во очи. Сепак, според повеќето сегашни снимки, полицијата се повлекува.

La manifestation dégénère sous l'Arc de Triomphe

La manifestation dégénère sous l'Arc de Triomphe

Gepostet von Pensée Libre am Samstag, 1. Dezember 2018