Две недели по почетокот на учебната година, Министерството за образование на Франција ја обнови својата практика на неделно ажурирање на здравствената состојба во училиштата. Според објавените податоци, на 17 септември: 3.299 паралелки од 527.200 во земјата – или 0,63 отсто – во моментов се затворени поради „Ковид -19“, јави дописникот на МИА.
За потсетување, според нивото 2 од здравствениот протокол што моментално важи во метрополитенска Франција, паралелките со ученици од прв степен мора да се затворат во првиот докажан случај на коронавирус. Министерството, исто така, прецизира дека одлуката за затворање на цела паралелка со ученици од втор степен зависи од „мислењето на здравствените власти“. Вообичаеното правило за втор степен е во теорија да се изолира позитивниот ученик, како и учениците кои се сметаат за контактни случаи и не се вакцинирани, додека остатокот од класот продолжува да оди на час нормално.
Инаку , 16 училишни структури – 15 училишта и еден колеџ – мораше да ги затворат вратите, прецизира министерството. Овие претпријатија се наоѓаат во академиите во Бордо, Клермон-Феран, Париз, Версај, Нант, Орлеан-Тур, Поатје, Безансон, Лион, Гренобл, Монпелје, Мартиник и Гвајана. Покрај тоа, во текот на изминатите седум дена, 9,478 ученици (од 12 223 000) и 439 вработени (од 1 201. 500) биле тестирани позитивни за коронавирус.
Од почетокот на учебната година на 2 септември, 1314 училишта им понудија на нивните ученици на возраст над дванаесет години „курс за вакцинација“.
Според податоците на јавното здравје на Франција, епидемијата со Ковид-19 во земјата започнува да слабее, така за прв пат од по 15 август бројот на лицата на болничко лекување поради Ковид-19 падна под 10.000, од кои помалку од 2.000 пациенти на интензивна нега.