Француската лабораторија „Карма“ денеска објави дека кај шестмина досега е вградено вештачко срце – двајца пациенти во Италија и четворица од Германија.

– Многу позитивните повратни информации за вграденото вештачко срце „Аесон“, и во комерцијален контекст и во клиничките испитувања, го зајакнуваат нашето уверување дека ова срце е вистинска алтернатива за човековото срце, рече извршниот директор на Карма, Стефан Пија.

Од основањето 2008 година, лабораторијата ја објави првата продажба на вештачко срце во јули годинава. Тим кардиолози во болница во Неапол тогаш вградија срце кај првиот пациент.

Протезата тежи 900 грама и е потешка од вистинското срце коешто тежи 300 грама. Лабораторијата засега не ја сооштува цената, но неофицијално, таков имплант чини околу 160.000 евра, колку и вистинска трансплантација на срце со подолг постоперативен тек.