Канцеларијата на државниот јавен обвинител отвори прелиминарна истрага за сомневањата за проневера на јавни средства од страна на  поранешната придружничка на градоначалникот на Лион, јавува дописникот на МИА.

Според весникот Паризиен, домот на градоначалникот на Лион и поранешен министер за внатрешни работи Жерар Коломб бил претресен од страна на истражните органи, во  рамките на отворањето на прелиминарна истрага од националното финансиско обвинителство под сомнение за проневера на државни средства во корист на неговата поранешна придружничка, за што пишуваше денешното издание на Канар аншене.

Истрагата е отворена по привремениот извештај на Регионалниот ревизорски суд за за управување со градот Лион и испратен до обвинителството. Според известувачите, како што наведува Канар аншене,  Жерар Коломб ја имал вработено својата поранешна партнерка (Мерием Нури)  на неколку општински работни места повеќе од дваесет години.

Коломб,кој поднесе оставка од министерската функција за да ја подготви кампањата за реизбор како градоначалник на Лион, потврдува дека од 1995 година, г-ѓа Нури е вработена од страна на градот Лион во различни функции, но дека тоа не биле фиктивни вработувања.

Градоначалникот на Лион, кој има намера да се кандидира на општинските избори во 2020 година, смета дека ширењето на информациите за оваа анкета е „нетолерантно” и  дека „никој нема да избега од вистинските причини што ги наведоа оние кои ја презедоа иницијативата за ширење такви информации десет месеци пред општински избори.