„Диригент на оркестарот на лидерите на земјите-членки на ЕУ“ за време на нивните самити, Белгиецот Шарл Мишел четири години се обидуваше да го зачува единството меѓу 27-те во моменти на криза кои следат еден по друг, но никогаш не успеа да го наметне своето стил на позадината на тензиите со претседателот на Европската комисија, наведуваат француски медиуми.

Претседателот на Европскиот совет – тело што ги обединува 27-те лидери на земјите од ЕУ – објави дека се кандидира за европските избори. Мандатот на Мишел на чело на Европскиот совет завршува во ноември. Сепак, тој изјави дека има намера да ја напушти функцијата веќе во јули. Шарл Мишел е на чело на листата на неговата либерална партија за европските избори „Реформаторско движење“.

Шарл Мишел припаѓа на истата генерација лидери како францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. Тој беше избран во 2019 година да го наследи Доналд Туск на функцијата претседател на Европскиот совет.

Позицијата претседател на Европскиот совет е престижна, придружена со многу тешкотии и ризици што произлегуваат од барањето консензус на европско ниво.

Мишел е адвокат по образование и успеа да постигне компромис меѓу европските лидери бранејќи различни интереси во контекст на големи кризи.

Шарл Мишел има 48 години и франкофон. Тој беше најмладиот премиер на Белгија. Во периодот на пандемијата на коронавирусот, мораше да организира долги видео-конференција состаноци меѓу лидерите на ЕУ, формат што дава помалку можности за преговори за постигнување компромис.

Шарл Мишел ги водеше дебатите на вториот најдолг самит во историјата на ЕУ, во јули 2020 година. Тој траеше четири дена и четири ноќи и беше посветен на убедување за строги мерки за штедење на членките на ЕУ да прифатат голем план за закрепнување по Ковид-19, за првпат заснован на општите должнички обврзници.

Тој тогаш имаше тешка задача да го зачува единството на 27-те пред последиците од војната предизвикана од Русија во Украина. За тоа време, тој мораше да се справи со заканите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе стави вето на различни санкции против Русија.

На самитот на Европскиот совет во декември, Орбан се спротивстави на почетокот на разговорите за пристапување на Украина во блокот и неговото вето беше избегнато со маневар во кој тој ја напушти салата додека се гласаше за одлуката. Но, тогаш Орбан се уште се спротивстави на финансиската помош од ЕУ за Киев.

Но, односите на Мишел со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која брзо се наметна на меѓународната сцена како гласот на Брисел, станаа затегнати, наведуваат француски медиуми.

Таа тензија дојде до израз со скандалот „Софагејт“ во Анкара во април 2021 година. Тогаш двајцата лидери на ЕУ имаа средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

„Војната меѓу егото на двајцата лидери и расправиите меѓу нив очигледно ја ослабна ЕУ на меѓународната сцена“, вели Алберто Алемано, професор по европско право во Париз во изјава што ја пренесуваат француски медиуми. Според него, Шарл Мишел не бил толку ефикасен и не играл водечка улога во одговорот на кризата со Ковид, ниту му покажал авторитет на Орбан.

Во април, Шарл Мишел исто така беше обвинет во печатот дека прибегнува кон често користење на приватни авиони за неговите службени патувања. Тој беше критикуван и за цената на тие патувања.

Шарл Мишел е роден во Намур, Белгија татко на две девојчиња и едно момче. Тој е син на поранешниот еврокомесар Луј Мишел и брат на државниот секретар на Белгија, Матје Мишел.

фото ЕПА