Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ги пофали напаѓачите на Каталонците Лионел Меси и Луис Суарез.

– Секој знае колку е важен Меси за нас. Никој друг не е изненаден ако постигнува три гола на натпревар. Тој е многу подобар од сите други. Секој тим што се соочува со Меси е повеќе нервозен. И јас да играм против него би бил нервозен исто така, изјави Де Јонг.

Тој искажа пофални зборови и за Суарез.

– Минува неверојатна сезона и постигнува прекрасни голови. Минатата година тој постигна хет-трик против Реал Мадрид и се надевам дека ќе го стори тоа повторно оваа сезона, рече Де Јонг.

Барселона вечерва игра со Реал во дербито на шпанската Примера.