Шестмина навивачи на Барнли нема по добро да го паметат синоќешното гостување во Атина, каде тимот за кој што навиваат му гостуваше на Олимпијакос, во рамките на Лига Европа.

Тројца од англиските навивачи, пред натпреварот биле прободени со нож, а други тројца биле претепани и ограбени.

Покрај тоа, грчката полиција уапсила 23 навивачи на Барнли кои биле под дејство на алкохол и одбивале да ги почитуваат правилата што органите на редот ги воспоставиле за гостинските навивачи.

Инаку, натпреварот на „Караискакис“ заврши со победа на Олимпијакос од 3.1. Реваншот во Англија ќе се одигра за една недела.