Фудбалскиот сојуз на Србија денес го прифати предлогот на челниците кои два месеци претходно преговараа со некогашната фудбалска звезда на Србија Драгана Стојковиќ -Пикси околу неговото седнување на селекторската репрезентативна клупа.

Едно прашање остана нерешено или пак е само непознато за јавноста – финаниските услови во неговиот договор. За тоа се чека да се види како Пикси ќе се договори за раскинувањето на кинескиот Гвангжу.

Во неговиот стручен штаб ќе влезат: Стеван Стојановиќ, Братислав Живковиќ, Жарко Ѓуровиќ, Марко Перовиќ, Александар Коќиќ и јапонскиот експерт за физичка спремност на играчите Катушито Киноши.