Фудбалерите на Реал Мадрид триумфираа во европскиот Суперкуп, откако вечерва во Варшава пред 56.402 гледачи ја совладаа Аталанта со 2-0 (0-0), освојувајќи го ова натпреварување на УЕФА по рекорден шести пат.
Реал до својот прв трофеј во новата сезона дојде со головите на Федерик Валверде во 59 минута и Килијан Мбапе, кој во 68 минута го постигна дебитантскиот гол за својот нов клуб во кој дојде ова лето од ПСЖ.
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој влезе на теренот во 76 минута, испиша историја и стана најтрофејниот играч на Реал Мадрид, освојувајќи го својот 27 трофеј во дресот на Кралскиот клуб.
За Реал ова е шести трофеј во Суперкупот на УЕФА кој шпанскиот клуб претходно го освојуваше во 2002, 2014, 2016, 2017 и 2022.
Од друга страна, Аталанта прв пат во својата клупска историја играше за трофејот во европскиот Суперкуп, чие прво издание се одржа во 1973 година кога прв победник беше Ајакс.
ФОТО: Фејсбук