На 24 март, фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот Стожице, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја, Марибор.

На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ (во превод по Заев би било „Ми се чукамо у градима за Словенију“) нашата репрезентација е најавена како „Северна Македонија“.

Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор. Тој, неговата работа си ја завршил. Фотографиите кои ги доби „Денешен“ се доказ за тоа.