Екипата на Фуксе Берлин го претстави Даинис Криштопанс како свој нов играч.

Поранешниот ракометар на скопски Вардар потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа ќе замине во редовите на ПСЖ.

Денеска Криштопанс позираше со дресот на тимот од Берлин и беше претставен пред навивачите.

Десниот бек двапати ја освои Лигата на шампионите во „црвено-црниот“ дрес.