Американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да биде домаќин на следниот самит на Г7, а како локација го предложи одморалиштето со голф терени, што го поседува во Мајами.
Во Бијариц Трамп изјави дека неговото одморалиште на Флорида би „било совршениот избор“, што заради својата големина, што заради фактот дека е одалечено пет минути со автомобил од аеродромот во Мајами, пренесоа британските медиуми.
-Им се допаѓа локацијата на хотелот, исто така им се допаѓа и тоа што е многу блиску до аеродромот. И се наоѓа во Мајами, така што тоа е одлично подрачје, рече Трамп.
Американскиот претседател кажа дека се уште не е донесена конечната одлука, но дека локацијата што тој ја понудил е далеку најдобра.