ГАК СКОПЈЕ: Новороденче заразено со Ковид-19

/ 30.09.2020

Бебе кое се родило на Гинеколошко – акушерската клиника во Скопје е заразено со коронавирус, тврдат извори од клиниката за ТВ Телма.

Како што информира телевизијата, станува збор за новороденче кое е изолирано во посебна просторија и можно е да се заразило со вертикална трансмисија од мајката. Од клиниката ја потврдуваат оваа информација, но оставаат простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид 19 што до сега не беше докажано дека постои.

Ниту мајката ниту новороденчето немаат никакви симптоми.

По препорака на министерството се прави уште еден тест и се чекаат резултатите. Мајката пак имала позитивен тест но само на еден антиген, а не на двата потребни, сега ќе се чекаат и нејзините резултати. Таа имала хроничен б хепатит, па поради тоа бебето морало итно да се даде на доење кај мајката. И наку до сега ваков случај не е потврден во земјава, па се очекува во текот на денот додатните испитувања да покажат дали е можно ковид 19 да се пренесува со вертикална трансмисија.


Од истата категорија