Новата анкета на „Галуп интернешенел“ покажува дека мнозинството испитаници во светот ја претпочитаат Кина за глобален лидер пред САД.

Според истражувањето, 34 отсто одобрение за глобалната акција на Пекинг е највисока оценка во изминатата деценија.Одобрувањето на улогата на САД во меѓународната политика е на најниско ниво за последните три администрации – 31 отсто, а за Русија 30 отсто.

Студијата беше спроведена во 133 земји, а покрај Кина и САД, исто така, ги разгледа и Германија и Русија.

Нискиот резултат на Вашингтон е показател за намаленото влијание на нејзината „мека” моќ и покажува дека непредвидливоста на администрацијата на Доналд Трамп и нејзината неподготвеност да се придржува до своите меѓународни обврски е причина за растечкото сомневање за способноста на САД да биде глобален лидер.