Ако даде Господ, еден ден сите Македонци ќе се вратат во Македонија, вели популарната македонска пејачка Сузана Гавазова, која пред извесно време со нејзиното семејство од Шведска се врати да живее во Македонија.
Таа се надева дека нејзиниот пример ќе го следат многу македонски семејства кои живеат надвор од нашата земја.
Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.
– Жал ми е што многу Македонци си отидоа од Македонија и некако длабоко во мене живее надежта дека еден ден ќе се вратат. Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење. Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа се. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите, вели Гавазова во интервју за ИН ТВ.
Таа во интервјуто најави нова песна, во модерен стил, за која што деновиве ќе сними и спот.