Многумина прашуваат зошто СДСМ не ги објавува снимките од митинзите што ги одржува во градовите низ Република Македонија, во кампањата за нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

Еден од можните одговори е дека нема потреба од снимки кога масата од народ на митинзите ја собира во едно селфи. А селфи е баш модерно. Тоа деновиве ни го откри премиерот Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас, па трендот продолжува.

Еве и денеска, со тазе селфи од митинг, се јавија министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов. За спомен и долго сеќавање од Радовиш.

– Селфи за убедлива победа на Пендаровски. Со вицепремерката и министерка за одбрана, Шеќеринска во мојата досега наједноставна кампања, порача Ангелов во објавата, на Фејсбук.