Италијанското Министерство за внатрешни работи објави нови бројки за нелегалната миграција. Според извештај, повеќе од половина од мигрантите кои стигнале до Италија со приватни спасувачки бродови биле донесени на брегот од германски невладини организации.

Во дебатата за тоа како да се справи со нелегалната миграција во ЕУ, Италија го зголемува притисокот врз Германија. Владата во Рим презентираше нови бројки за нелегалната миграција преку Медитеранот откако премиерката Џорџа Мелони ја презеде функцијата во октомври 2022 година.

Податоците цитирани од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ покажуваат дека половина од сите мигранти кои стигнале до италијанските пристаништа со приватни спасувачки бродови биле донесени на брегот од германски хуманитарни организации.

Според италијанското МНР, германските агенции за помош донеле приближно 22.500 мигранти во Италија од октомври 2022 година. Вкупно, околу 42.300 луѓе пристигнале во италијанските пристаништа во тој период со приватни спасувачки бродови. Ако се вклучат дополнителни 4.500 мигранти на бродови под германско знаме, Рим речиси две третини од сите пристигнувања ги припишува на германската интервенција.

Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоци неодамна побара од Германија да ја обештети Италија во некаков облик. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ исто така објави за ова барање. (МИА)