Европа мора да реагира на политиката на санкции на Вашингтон кон Русија, Кина и кон други земји, важни економски партнери на Германија, побара денес шефот на германската дипломатија Хеико Мас отворајќи ја конференцијата со амбасадорите во Берлин.
„Вашингтон не притиска да подготвиме европски одговор во врска со политиката на санкции, ова се однесува на Европа и на Германија, доколку САД одеднаш некоординирано неспецифично донесат санкции кон Русија, Кина, Турција и во иднина, веројатно, и кон други важни трговски партнери. Треба да реагираме на тоа“, рече министерот.
Тој притоа истакна дека благодарение на брзата реакција на Европа за новите американски санкции кон Иран избегната е поголема ескалација. Мас вели дека „премногу е доколку се мисли оти би можело да има алтернатива на договорот: тоа би била нуклеарна трка на Блискиот Исток.
Од друга страна, денес Вашингтон официјално ги објави новите санкции кон Русија, а воведени заради „несоработувањето во врска со случајот Скрипал“.
Со новите санкции се прекинува секаква асистенција за МОсква „освен за хуманитарни прашања, храна и земјоделски производи“. Исто така, САД ќе престанат да им издаваат дозволи на руски компании за извоз на оружје и производи за двојна употреба. Потоа, на Русија и се одземаат сите кредитни гаранции и друга финансиска поддршка од американски институции.
За ноември се најавуваат уште еден пакет потешки санкции, за кои претседателот на РФ, Владимир Путин рече дека се бесмислени и контрапродиктивни.
Москва веќе најави дека на последните санкции од Вашингтон ќе одговори со контрамерки.