Германија и 13 сојузници од НАТО денеска го најавија проектот за соработка за создавање подобар Европски систем за противвоздушна одбрана (ПВО), јавија ДПА.

Министрите за одбрана на 14-те земји потпишаа декларација за намери за т.н Европската иницијатива за воздушен штит. Со неа се предвидува учество на овие земји во заедничкото добивање на системите за против-воздушна одбрана од типот „Стрела 3“ и „Патриот“.

Церемонијата на потпишување се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Покрај Германија, во проектот учествуваат и Велика Британија, Словачка, Норвешка, Летонија, Унгарија, Белгија, Чешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија, Словенија и Бугарија.