Германија одобри испорака на 2.700 противавионски ракети за украинската армија, рачни лансери од типот „Стрела“ од советско производство и оружените сили на поранешна Демократска Република Германија.
Владата на канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена ја смени долгогодишната извозна политика со што се дозволува непосреден извоз на оружје за Украина.
Германското Министерство за одбрана изминатите денови проверуваше со кое друго оружје би можело да биде помогната украинската армија во борбите против руските оружени сили.
Германија години наназад одбиваше извоз на оружје за воените жаришта, дури и снабдување на таквите подрачја со германско оружје преку трети земји.