Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа изјави дека Берлин се подготвува да и достави на Украина оружје во вредност над 500 милиони евра.

Шолц истакна дека Украина ќе добие уште три системи за противвоздушна одбрана ИРИС-Т, десетина оклопни возила, 20 мобилни ракетни фрлачи. Поголемиот дел од нив ќе бидат испорачани во 2023 година.

Шолц помошта ја најави истиот ден кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше домаќин на виртуелната средба на светски лидери посветена на враќање на анектираниот Крим на Украина.

– Меѓународната заедница никогаш нема да прифати нелегална, империјалистичка анексија на украинска територија од Русија, истакна Шолц на виртуелната средба на светски лидери, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тоа е втор таков обид да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина да го врати полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година.