Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином, посочи организацијата „Кребшилфе“.
Претседателот на „Кребшилфе“ (Кrebshilfe), Герд Нетековен, во изјава за весникот „Аугсбургер Алгемајне“ предупреди за потенцијално фатални последици за пациентите.
„Кребшифле“ е загрижена дека во многу случаи одложувањето не било медицински оправдано.
Според организацијата, до средината на јуни биле одложени околу 50.000 онколошки операции.
Мерките за поддршка на онколошките пациенти од психосоцијална поддршка до палијативна медицина, исто така, се максимално намалени.
Во организацијата се јавиле и пациентки на кои им биле одложени прегледи по операцијата, што според Нетековен, може да има фатални последици, соопштија од „Кребшифле“.
-Ваквото однесување може да доведе до ситуации опасни по животот на пациентите со дијагностициран карцином, истакна тој.