Пилотите и стујардесите од авиокомпанијата Германвингс (Germanwings) почнаа штрајк денеска што ќе трае до полноќ на 1 јануари 2020 година.

Поради штрајкот ќе бидат погодени и летовите на Јуровингс.

Според локални медиуми, можно е во штрајкот да се вклучат и вработени во авиокомпанијата Луфтханза. Досега се откажани над 180 летови најголем дел на домашни линии.