Претседателот на Русија, Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денес на средба крај Берлин се очекува отворено да разговараат за позитивните страни на предложениот нов гасовод, зад кој стои опасната предупредувачка сенка на Вашингтон и на претседателот Доналд Трамп.
И Москва и Берлин потврдија дека проектот Северен тек 2, вреден 9,5 милиони евра ќе биде во фокусот на разговорите кои денес ќе се одржат во палата на триесетина километри од Берлин.
Германски Билд, пред почетокот на разговорите, кои се објавија пред само една недела и кои се сметаат за изнедаување, во денешното издание констатра дека ова не се случило меѓу Меркел и Путин никогаш претходно. „Федералната канцеларка и рускиот претседател се среќаваат два пати за три месеци, покрај другите руско-германски средби на министерско ниво. Како се случи ова“, прашува Билд.
За претходните 4 години имало само две билатерални средби меѓу Меркел и Путин, пред се заради проблемите со Крим и со источна Украина. По давањето заклетва во третиот мандат Меркел замина на средба со Путин во Сочи, а потоа се сретна и со министерот за надворешни рабори Сергеј Лавров и со шефот на кабинетот Валери Герасимов, нешто што според Билд „е невообичаено“.
Според Билд, три прашања се клучни за овие зачестени средби: кризата во Сирија (што после Асад?), кризата во Украина (Крим не се спомнува) и претседателот на САД, Трамп. Притоа се додава дека разговорите ќе се водат во гостинската куќа, палатата во Шлос Месеберг, што значи дека ќе се водат во повеќе неформална атмосфера.