Германските метеоролози најавуваат влошување на времето. Според нивни тврдења, поларниот воздух стигнува до цела Европа.

На надморска височина од околу 1.500 метри, температурните вредности паѓаат под минус 10 степени, а моментално се меѓу 5 и 8 Целзиусови степени.

Германските медиуми пишуваат дека времето на пријатни температури и слаби дождови завршува и дека доаѓа вистинска зима.

За таа земја метеоролозите најавија мраз, снег и поларен воздух, пишува магазинот „Феникс“, пренесува Вечерњи лист.

На југот на Германија и на пониските планински масиви, снег најверојатно е можен последниот викенд во ноември.

Американскиот модел GFS предвидува неколку инчи свеж снег во областа. Во Зауерланд, Ерзгебирге, Ајфел можна е појава на снег од 10 до 20 сантиметри.

Сепак, метеоролозите посочуваат дека заладувањето може да трае само неколку дена и дека декември треба да биде месец на пријатни температури.