Германски новинари публикувале во научно списание измислени резултати за борба против ракот. Новинари од Зи Дојче Цајтунг и германската РТВ станица Ен Де Ер доставиле до списанието Journal of Integrative Oncology резултати од клиничко истражување кое покажало дека екстрактот од прополисот има еднакво дејство врз раковите клетки кај колоректалниот рак како и хемотерапијата.

Нормално, за да се објави истражувањето си платиле според тарифата и сето тоа било публикувано на 24 април. Списанието веднаш потоа ја повлекло статијата откако било предупредено дека такво истражување не постои и дека станува збор за новинарска замка која имала за цел да докаже дека во тие т.н. научни списанија можеш да публикуваш што сакаш ако платиш.

„Истражувањето беше фиктивно, па и резулатите се исфабрикувани, а наводниот институт не постои“, објави Монд по избивањето на целиот скандал.