Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има и втор и трет бран на инфекција со Kовид- 19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.
Во ТВ-емисија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцината.
Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцинацијата, и покрај фактот дека огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет.
Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.
Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.
“Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе сега случај. Ние, исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, како што беше случајот со Гитерлох”, објасни еден од водечките виролози во Германија.