Европската комисија ја изрази својата загриженост дека некои од измените кои беа направени на Кривичниот законик носат ризик на намалување на неказнивоста, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашањето во врска со измените на Кривичниот законик
– Мислам дека ова прашање веќе беше одговорено од страна на претставниците од Брисел, истакна Гир и додаде дека Европската комисија пред неколку дена веќе даде неколку забелешки во врска со ова прашање.
Како што нагласи, Европската комисија повторно изрази загриженост во врска со употребата на Европското знаменце, за да може да се запази усвојување на некој закон.
– Европската комисија потсети на важноста на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, всушност кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин, нагласи Гир.