Ова лудило кое во образованието го продуцираат државните институции ги премина сите граници. Зборувам за Работни листови за учениците по предметот Образование за животни вештини, реагира  проф. д-р Весна Јаневска.

-Почитувани родители и наставници,

Ова лудило кое во образованието го продуцираат државните институции ги премина сите граници. Зборувам за Работни листови за учениците по предметот Образование за животни вештини. Во овие работни листови некој комплетно малоумен прашува:

• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

• Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

Ја повикува целата стручна јавност, психолози, педагози, социолози ВЕДНАШ, ИТНО, НЕОДЛОЖНО, да се оградат и да реагираат на грубата манипулација на малолетните деца, пропагандата и навредите кон мнозинската сексуална ориентација. Ова не е неписменост и незнаење, за ОВА ИМА ОСНОВ И ЗА ОДГОВОРНОСТ.

И никој да не се осудил да ми припише хомофобија, не не сум јас хомофоб, ама заради ова што се прави има се повеќе хомофоби. Чукнете си ја главата, видете што правите. МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА СЕ ВО ПРАШАЊЕ!

Шаќири ти ова го одобри? БРО што правите? Психолози во БРО има?

Не знам што има, а што нема, ама за злоупотреба на деца одговотност ќе има, пишува Јаневска во својата објава.