„Прикаски за деца“ беше окаркатеризиран проекот на градоначалникот за обнова на сега урнатиот вијадукт во Ѓенова, од страна на помалиот партнер во владејачката коалиција Движењето 5 ѕвезди, објавија денес локални медиуми. Тогаш повеќе локални лидери, повикувајќи се анализи, предупредиле дека вијадуктот е во многу лоша состојба е може да падне во секој момент.

Пред пет години Петте увезди на својата веб страница објавија дека се стриктно против проектот за обнова на Моранди вијадуктот. Интересно, но тоа соопштение денес партијата вднаш го остранила од својата интернет страница.

Соопштението датира од 8 април 2013 година во кое Движењето 5 ѕвезди изразува силно противење на проектот на Гронда ди Ѓенова за подобрување на автопатиштата како и на мостот кај Ѓенова, кој вчера падна и однесе во смрт најмалку 37 лица, меѓу кои и три деца.

Една жена која успеала автомобилот да го запре пред урнатината на мосотот, рекла дека тој „паднал како да е напрваен од брашно“.

Сега е отворена голема политичка дебата кој е виновен, зошто е таква состојбата со патиштата, дали вијадуктот е изграден согласнос стандардите, дали неговата конструкција била дотраена…?

Се нагласува дека повеќето од патната инфраструктура е изградена во 50-60 години на минатиот век и сега им треба нов „Маршалов план“ за таа да се обнови.

Инаку, Движењето 5 ѕвезди ја стопирала и изградбата на брза железница меѓу Торино – Лион, проект кофинансиран од ЕУ со кој требало да се развие регионот и да се отворат 15.000 работни места. За Движењето сето тоа било арчење пари.

Во меѓувреме се огласи и папата Франциско кој изрази сочувство со семејствата на настраданите.