ЃОКОВИЌ ДО ХРВАТИТЕ: Честитки до целиот тим за уште едно одлично првенство, напиша тенискиот ас, Ловран му одговори „фала Нола“

/ 14.12.2022

Репрезентацијата на Хрватска не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Катар откако синоќа во полуфиналето Аргентина ја победи со 3:0.

По мечот во центарот на вниманието беше пораката на Новак Ѓоковиќ, на која утрово мораше да реагира Дејан Ловрен.

По синоќешниот меч во центарот на вниманието беше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој реши да се огласи по мечот со Аргентина и им честиташе на хрватските играчи за уште еден голем напор на вакво големо натпреварување и покрај поразот во полуфиналето.

„Им честитам на овие момци и на целиот тим за уште едно одлично првенство“, напиша Ѓоковиќ и во објавата ги означи Ловрен и Модриќ, а хрватскиот дефанзивец веднаш реши да реагира.

„Благодарам Нола“, напиша кратко Ловрен.


Од истата категорија