Франција ги промени правилата поврзани со социјалните активности, што значи Новак Ѓоковиќ може да игра на Ролан Гарос без вакцина.

Бидејќи Франција одлучи да направи измени во Законот поврзан со вакцинацијата, Новак Ѓоковиќ ќе има право да настапи на Ролан Гарос.

Тој неодамна изјави дека не бил вакциниран, но се заразил и со коронавирус на крајот на декември.

Луѓето кои прележале коронавирус во последните шест месеци можат непречено да циркулираат во Франција, па така најдобриот тенисер на светот ќе има право да игра доколку нема други промени.

Да потсетиме, турнирот во Франција започнува на 22 мај, а завршува на 5 јуни, а Ѓоковиќ на 16 декември доби позитивен тест за коронавирус, а негативен на 22 декември.