Новак Ѓоковиќ не е затвореник, тој не е во притвор и може да замине кога сака од хотелот, во истиот има мигранти престојуваат девет години.

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз изјави дека Ѓоковиќ може да го напушти хотелот кога сака.

-Ѓоковиќ не е затворен, тој може да ја напушти Австралија во било кој момент, а граничните службеници ќе му помогнат во тоа, изјави Ендрјуз во разговоро за телевизијата Еј-Би-Си.

Србинот предизвика „домино“ ефект, па така Ендрјуз додаде дека по скандалот со Новак Ѓоковиќ кој доби медицинско изземање, се проверуваат и останатите случаи, 26 тенисери и тенисерки аплицирале на ист начин.Новак Ѓоковиќ не е затвореник, тој не е во притвор и може да замине кога сака од хотелот, во истиот има мигранти престојуваат девет години.

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз изјави дека Ѓоковиќ може да го напушти хотелот кога сака.

-Ѓоковиќ не е затворен, тој може да ја напушти Австралија во било кој момент, а граничните службеници ќе му помогнат во тоа, изјави Ендрјуз во разговоро за телевизијата Еј-Би-Си.

Србинот предизвика „домино“ ефект, па така Ендрјуз додаде дека по скандалот со Новак Ѓоковиќ кој доби медицинско изземање, се проверуваат и останатите случаи, 26 тенисери и тенисерки аплицирале на ист начин.