Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ по седми пат е шампион на завршниот мастерс, со што испиша нови страници од тениската историја.
Денеска во финалето во два сета беше подобар од Јаник Синер – 6:3, 6:3.
На доделувањето на пехарот имаше пофални зборови за Јаник Синер, но и за неговиот тим…
– Ти благодарам за убавите зборови, Јаник. Имавте убава недела зад себе, честитки за сѐ во текот на оваа година. Очекувам следната година да бидете уште подобри, да бидете први во светот и да освоите барем еден Грен слем. Сега неколку зборови до мојот тим, имавме и добри и лоши моменти, бевме заедно 24 часа, да го земеме овој трофеј, кој е најголем во нашиот спорт. На 36 години е тешко да се направи тоа. Одлучноста даде резултати, многу сум благодарен на мојот тим кој сега е тука со нас. Сакам да кажам едно, Јаник е Италијанец кој играше овде во Торино, имав таква поддршка во оваа земја, тоа е неверојатно. Ви благодарам многу за сѐ. Во Рим или овде, секогаш е спектакл. Многу луѓе се секогаш тука за да ги гледаат најдобрите тенисери во светот. Очигледно сум многу среќен што сум тука и што играм пред вас, изјави српскиот тенисер.
Ѓоковиќ додаде дека се радувал и поради публиката која во голем број дошла на Пала Алпитур.
– Сакам да им се заблагодарам на сите, ви благодарам што нѐ следите оваа сезона, за мене ова е многу успешна сезона, можеби најуспешна во мојата кариера. Благодарност до сите луѓе кои се дел од нашиот спорт. Навистина е голем напор кога тоа ќе се случи. Се игра низ целиот свет. Прекрасно е да се види толку многу луѓе кои поддржуваат тенис и благословени сме што ве гледаме сите на трибините. Се надевам дека ќе се видиме следната година, рече тој.