Полуфиналето меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ му припадна со 3-0 во сетови на помладиот тенсиер актуелниот шампион на Вимблдон, Синер. Ѓоковиќ го играше своето 15.то полуфинале на Вимблдон и остана на 24 Гренд слем титули во кариерата.
– Се чувствував физички добро. Можеби не најсвеж, очигледно, не како на почетокот на турнирот, но физички бев добро. Тој беше едноставно, беше многу подобар играч на теренот. Секако, разочаран сум и, секако, сакав да го освојам Вимблдон, знаете, тоа е причината зошто сè уште, се форсирам толку многу, но, знаете, едноставно загубив од подобар играч и јас морам да го прифатам тоа. Не сум лут на себе. Не мислам дека сум направил премногу грешки. Бев само едно или две нивоа, полош од него. Мислам, тој играше толку солидно во сите елементи. Сервисот, беше многу тешко да се прочита, неверојатно оружје стана во последните неколку години откако ја смени техниката, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер остана на седум освоени пехари во Вимблдон, а Синер во финалето ќе игра против Александар Зверев, актуелниот шампион на Ролан Гарос.




