Во пресрет на трката во Мото ГП шампионатот, која викендов се вози во Германија, на денешниот спринт најдобро време постигна Марк Маркес.
Шпанецот веќе дванаесет пати има победено на оваа патека и е најдоминантниот возач во историјата.
Денеска со тотална супериорност обезбеди прво место, пред Алекс Маркес, односно Фабио Ди Џанатони.
Ова за Маркес е 19 победа во спринт трка во историјата.
Ако на сето ова се додаде дека ја има и пол позицијата за утрешната трка, нештата стануваат јасни кој е фаворитот.




