Единствена причина на СДСМ да дојдат на власт се лукративни причини, нема Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, граѓанин во нашата држава Република Македонија на кој што не му е јасно нивното делување, изјави во своето гостување во поткастот „Наткаст“ со Љупчо Цветановски градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски запрашан околу последните инфантилни дисквалификации и навреди кон Гоце Делчев и апсурдното приклонување кон бугарската политика на партијата на Венко Филипче..

-Нама Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, граѓанин во нашата држава Република Македонија на кој што не му е јасно делувањето на СДСМ. Единствената причина за која сакаат да дојдат на власт се лукративни причини и тоа е добра нивна воспоставена пракса од 90-та година па наваму. Дојди распродади ги државните национални интереси, колку што можеш ограби ја државата, осиромаши го народот, не реализирај ниту еден проект и после биди казнет на избори, рече Ѓорѓиевски.

Матрицата на СДСМ не е променета од 90-та година па наваму, но нашиот народ е мудар кој знае да награди но и жестоко да казни, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

-Тоа е нивниот почеток и нивниот крај. Доколку направиме компаративна анализа од 90 година наваму тие немаат промена и не може да имаат промена затоа што таква им е матрицата. За разлика од годините наназад, мислам дека свеста на нашите сограѓани е многу повисока денес, нашиот народ е многу мудар народ и знае да награди, ама знае и жестоко да казни, мислам дека се прочитана приказна и токму затоа се во состојба во која што се, истакна во Ѓорѓиевски.