Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името. Филипче не гледа проблем во тоа да сме држава од 1945 година па наваму, затоа и ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот со Зоран Заев. Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче. Пионот на Румен Радев, Венко Филипче е спремен утре да ги продаде историјата, јазикот, културата и идентитетот за да и се додвори на Бугарија и да дојде на власт. Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, односно помал за 1% од оној на партијата СДС, истакна Манасиевски
Филипче ја зацементира СДС да биде четврта партија во Македонија, а на следните избори може да бидат и со едноцифрен број на пратеници во Собранието, додаде Манасиевски.




