Чоколадната „Пандора“ е торта за „сериозна врска“. Навистина. Ќе ви се допадне по изодена „чокохолик“ километража, откако ќе се заситите од предвидливи вкусови и кога непцето ќе ви биде подготвено за нешто децентно и со полн „taste“. Така од прва се опишува оваа префинета торта создадена од прочуеното белгиско чоколадо и со неколку симболички значења на името.
Инаку, Пандора е првата торта од семејството на Chocoholic, ја има во ресторанот Forza Wine Bar &Restaurant и во сите маркети на Веро. Се препознава по елегантен гламур: покриена е со чоколадна глазура а на едниот крај, како да брануваат, наредени се крцкави перли од раскошниот „калебаут“ карамел.
Вкусна е до совршенство.
Според грчката митологија девојката со ова име од боговите добила моќни дарови: од Афродита била наличена со убавина, од Атена со мудроста, знаела да пее, да флертува…, а овдешните гастрономски креатори, од сите добиени атрибути преку вкус создале супериорен деликатес.
Впечатокот понатаму вели дека „срцето“ на Пандора е нијансирано во три бои: кафеавиот мус е од рафинираното белгиско чоколадо „Callebaut“, контрастната боја е Kinder Bueno крем преполн со кремаст лешник а базата е чоколадното тесто.
Рецептот за оваа претставничка на „долче вита“ е дело на готвачкиот тим од Форца што се препознава во посветеност и многу креативност.
Оваа торта може да ви асоцира и на поимот „пандорина кутија“. Вкусете и демистифицирајте! Откако ќе нурнете во раскошот на оваа премиум торта, гламурозната Пандора може да ви стане мала а голема страст.
Некаде прочитав дека имињата на тортите, како и личниот впечаток, влијаат врз перцепцијата на вкусот.
Тогаш, како се јаде Пандора? Исто како што се сака – првин со очи, па со душа… Уживајте.
Вања Тодоровска