Македонската фудбалска репрезентација во јунскиот репрезентативец прозорец има закажано две пријателски средби.

Против селекцијата на Босна на 29 мај, односно против Турција на 1 јуни. Двата дуела се играат на гостински терен, поточно во Сараево односно Истанбул.

По тој повод, утре, со почеток од 12:00 часот на официјална прес конференција, селекторот Гоце Седлоски ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие два дуела, а кои што секако ќе треба да го понесат и товарот на мечевите од Лигата на Нации која што започнува наесен.

За Седлоски ова ќе е втор собир, по оној кој што го имаше за бараж дуелот против Данска, а потоа и за дуелот против Ирска.