Минатата година во Германија биле вработени 44,8 милиони граѓани, најмногу од обединувањето на државата, соопштија властите. Податокот на Сојузниот завод за статистика се темели на прелиминарни информации.

И покрај стареење на популацијата, бројот на вработени е зголемен минатата година за 1,3 отсто, и тоа е највисоко ниво од 1991 година.

Негативното влијание на стареењето на популацијата е надоместено во најголем дел со вработени од Германија и прилив на странски работници, анализираат во Дестатис.

Бројот на вработени е зголемен во 2018 година за 638 илјади, со што е надминато нивото од 40 милиони. Поради добрата состојба на пазрот на трудот, нанамелен е бројот на самовработени – на 4,22 милиона, најниско ниво од 2003 година. Регистриран е пад на стапката на невработеност на 4,8 отсто.