Свеченоста на доделувањето на „Еми” телевизиските награди годинава нема да има водител.

Наместо тоа, продуцентите на мисијата одлучиле да им оддадат почит на некои од најпопуларните серии, што последниве месеци го имаа својот крај.

Извршниот директор на „Фокс Ентртејнмент”, Чарли Колиер ги потврди овие наводи. – Нашата задача е да процениме како да го подигнеме нивото на програмата за оваа година и имаме среќа… Интересно е тоа – со колку многу фантастични серии се збогувавме овие месеци – „Игра на престоли”, „Империја”, „Списанието Вајс” и „Бубалици”, изјави тој.

Четврти пат во историјата на овие награди, емисијата нема да има водител. Претходно тоа се случи 1975., 1998. и 2003 година.

– Доколку има водител и вовед, тоа се 15 – 20 минути, кои може да се искоористат за посебен осврт кон овие серии што го имаат својот крај. Тоа е нашата цел за доделувањето на „Еми” наградите овојпат, подвлекува Колиер.

Минатата година, Мајкл Че и Колин Џост – ѕвездите од емисијата „Saturday Night Live“, беа домаќини на шоуто.

Годинашното 71. доделување на наградите „Еми” ќе се одржи на 22 септември.