Едно лице го изгуби животот во пожарот што синоќа избувна во солитер во Нов Белград. Според првичните информации пожарот избил на 13 кат, а потоа се прошири уште на два, објавуваат српските медиуми.
Како што е објавено пожарот го гасеа повеќе противпожарни екипи.
Станари од тој дел на Белград велат дека се слушнале и неколку слаби експлозии, а мирис на чад се чувствувал и два блока подалеку од местото на пожарот кој е во блок 63.
Огнот избил во стан на 13 кат во кој настрадало лицето. Станари од солитерот раскажуваат дека пожарот избил во станот на нивниот сосед М.В. (63). Соседите се обиделе да му помогнат на несреќниот човек и да го извлечат од огнот.
– Го слушнавме соседот како бара помош од станот и пробавме да го извлечеме, но не успеавме да пријдеме поради јачината на огнот, раскажа за српските медиуми станар од подолните катови на солитерот.
Како што неофицијално е објавено, пожарникарите успеале да влезат во станот, а безживотното машко тело го пронашле на терасата.
Станарите раскажуваат дека нивниот сосед во станот живеел сам откако пред една година починала неговата мајка.