Стотици луѓе се евакуирани поради големиот пожар што денеска зафати делови од јужнокорејскиот крајбрежен град Гангнеунг во источниот дел на земјата.

Најмалку 44 куќи се уништени во пожарот, а повеќе од 300 луѓе се евакуирани, соопшти Министерството за одбрана и безбедност на Јужна Кореја. На терен се повеќе од 300 противпожарни возила и 700 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот, се додава во соопштението на Министерството за одбрана и безбедност.

Засега нема информации за загинати и повредени.

На пожарникарите им пречат силните ветрови кои не дозволуваат пожарот да се изгасне од авион. Шумскиот пожар започнал на блиската планина и брзо се проширил кон градот.

Пожарот досега изгоре повеќе од 170 хектари земја.